Македонскиот млад пејач Перо Пандилоски одлучи да се ожени со својата сакана Дениз. Таа е прекрасна Турчинка со потекло од Мерсин.
Судбоносното ДА го изговорија на 8-ми септември, на Плаошник во Охрид. Дениз го зеде презимето Пандилоски.
Нивната приказна е доказ дека љубовта не познава граници. Македонецот и Турчинката се запознале во Германија, а заедно се година ипол. Таму започнала нивната љубов, па заедно дојдоа во Македонија да се заколнат на вечна љубов. Со заедничкиот живот ќе продолжат во Германија.
Во Германија Перо работи како ИТ инженер, а неговата сакана е медицинска сестра. Токму таа е негова најголема поддршка, како приватно, така и на службен план.
На радост на македонската публика, иако музичката кариера ја стави на пауза поради преселбата, Пандилоски не е во план да се откаже од неговата прва љубов – музиката.
Најавува враќање на македонската музичка сцена, снимање на нови песни, а сето тоа, секако, со голема поддршка од неговата сопруга.
фото: Фејсбук printscreen/Pero Pandiloski