Мегафон рок концерт

Познатиот панк фолк бенд одново на концерт во Скопје: „Бркови“ слават 20 години постоење на стадионот на АРМ

Познатиот панк фолк бенд  одново на концерт во Скопје: „Бркови“ слават 20 години постоење на стадионот на АРМ

Популарниот српски фолк панк бенд „Бркови“ ќе прослави 20 години работа со голем концерт на отворено во Скопје. Концертот во организација на „Пасворд“ ќе се одржи на 31 август на стадионот на АРМ во Градски парк.

Познати по енергични настапи во живо, „Бркови“ го опишуваат својот музички израз како „панк фолк велнес“, кој претставува мешавина на народна музика со други жанрови, како панк, рок и реге. За период од две децении имаат објавено осум албуми.
To top