Палома Фејт, познатата пејачка и актерка за „The Sun“ ги открила интимните делови од својот живот“.
„За мене ништо не било толку болно колку првиот интимен однос по породувањето. Се чувствував виновна затоа што поминаа веќе 7 месеци откако се породив, па мислев дека треба да се обидам“, напишала пејачката.
Додала: „Сакав повторно да се поврзам со мојот партнер. Тогаш се помирив со животот полн со болен секс“. Во книгата „Milf: Motherhood, Identity Love and F***ery“, таа говори дека тие искуства не биле „ниту пријатни, ниту убави, ниту забавни“.
View this post on Instagram
Како што открила, имала чувство дека целосно е одвоена од себеси. Палома Фејт (42), во 2022 година се развела од сопругот Лимаан Лачини со кого има две ќерки. Во брак биле 5 години, а врската им траела две години подолго.
Болните интимни односи ја измачувале по двете бремености, во 2016 и 2021 година. Порачала дека тогаш се откажала од „редовниот секс“ бидејќи повеќе не ѝ било пријатно, па одлучила да има односи на две недели.
View this post on Instagram
По разводот, таа продолжила да работи на албумот „Glorification of Sadness“ кој говорел за разделбата, а во книгата пишувала за борбата со славата и за омразата кон животот на славните: „Можеби сум дотерана и разделена од децата на една вечер, но често на тие забави се кријам во тоалетот и на моите вистински пријатели им испраќам пораки за тоа како навистина се чувствувам“.
фото:Instagram printscreen/ palomafaith