Радио Милева им пречи

Повеќе нема да ги  гледате згодните водителки во жешко издание- Партнерите им забранија 

Повеќе нема да ги  гледате згодните водителки во жешко издание- Партнерите им забранија 

Иако се многу привлечни, водителките Ана Радуловиќ и Сања Станковиќ повеќе не сакаат да се фотографираат во бикини бидејќи тоа им пречи на нивните партнери, а Милица Кемез е на слично мислење.
Социјалните мрежи и порталите „горат“ во текот на летото со фотографии од убавици од јавната сцена во бикини, а секое одење на базен или море е можност за познатите дами да го покажат својот исончан тен и заносни облини.

Иако имаат многу со што да се фалат, а порано со задоволство го правеа тоа, познатите водителки Ана Радуловиќ, Сања Станковиќ и Милица Кемез решија повеќе да не го прават тоа.

– Ана е убава жена, обожава да биде фотографирана и ужива во тоа, но нејзиното ново момче не се согласува со тоа. Тој не ѝ дозволува да се  фотографира во бикини. Верува дека таквите фотографии се само за негови очи, а не за јавноста. Таа не сака проблеми во врската, па затоа вешто ги избегнува ваквите ситуации – вели извор близок до водителката на Пинк за Информер.рс

Нејзината колешка од Ред телевизија, Сања Станковиќ, е во слична ситуација и признава дека го свела приватниот живот во јавноста на минимум.

– Избегнувам да се фотографирам и снимам себеси приватно, особено во костим за капење. На моето момче тоа баш не му се допаѓа. Не ја изложувам мојата приватност, сè сум свела на минимум – искрена е Сања, која се прослави со учеството во реално шоу.

Иако нејзиниот Инстаграм некогаш беше полн со фотографии во бикини, Милица Кемез одлучи да се збогува со заводливите фотографии.

– Не сакам повеќе да се претставувам јавно така, да можев, би ги избришала сите што веќе постојат. Не сакам повеќе скандали. Се дистанцирав, дури и не давам изјави, бидејќи многу работи се вадат од контекст, а потоа се толкуваат различно – изјавила Кемез за Информер.

фото: printscreen/instagram

To top