Живот и стил

Посни лазањи со печурки: Специјалитет кој се памти

Посни лазањи со печурки: Специјалитет кој се памти

Ви треба:

посни листови за лазања
средна главица кромид
2 чаши сос од домати или сок
3 чешниња лук
300 гр печурки
сол
бибер
оригано
масло
брашно

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Кромидот ситно се сечка и се пржи на масло со сечкан лук.

По три минути додадете ги печурките. Тргнете го од оган, па во тавче на тивок оган истурете ги брашното, водата и зачините.

Прелијте ги лазањите со врела вода и оставете така една минута.

Наредете ги листовите лазањи во огноотпорен сад и прелијте ги со доматниот сос. Додадете уште еден ред листови и повторете ја постапката.

Се пече околу половина час, во рерна загреана на 200 степени.

To top