Потребно е:
200 гр темно чоколадо (со висок процент на какао)
1/2 чаша растителна павлака
2 лажици маргарин
прстофат сол
1 лажица какао во прав
1 лажица мелени ореви
Подготовка:
Во сад ставете ја исечканата темна чоколада. Загрејте ја слатката павлака да зоврие, па тргнете ја од оган и прелијте ја чоколадата.
Чоколадото нека се стопи неколку минути.
Полека мешајте додека не добиете изедначена смеса, а потоа додадете го маргаринот и малку сол.
Мешајте додека се добро да се соедини.
Оставете го да се излади на собна температура, па оставете го во фрижидер 2 часа.
Со раце обликувајте топчиња (тартуфи) со големина на залак.
Во сад ставете какао во прав и секое топче расукајте го во него.
Се редат во чинија, па се оставаат во фрижидер уште половина час.
Добар апетит!
фото:Freepik