Пејачката Марија Шерифовиќ не крие колку ужива во мајчинството и секој момент го поминува со својот наследник, малиот Марио.
Марија на социјалните мрежи редовно споделува емотивни моменти од животот на нејзиниот син, а последната објава особено ги трогна нејзините следбеници.
Имено, денес е посебен ден во нивниот дом бидејќи Марио го слави својот прв роденден.
По повод овој голем настан, Марија на Инстаграм сподели емотивни зборови кои ги воодушевија сите.
View this post on Instagram
– Не спиев два дена и две ноќи. Во 2 часот по полноќ се спакувавме и се упативме кон болницата. Во апсолутен мир и среќа. Цел ден и цела ноќ ја слушавме „What a Wonderful World“ – почна Марија, па продолжи:
– Ми се чини дека мојот сакан Лос Анџелес беше најубав таа вечер. Ѕвездите никогаш не светеле посилно. Тргнавме да ти посакаме добредојде на светот, малечок мој, најубав. Ме прашуваат синко, дали мојот живот се промени? А не знам ни како да им објаснам колку се смени… Не знам како да им објаснам како е можно некого толку да сакаш. Велат дека децата ги избираат своите родители… И не ми останува ништо друго, освен да се прашувам до последен ден што направив за да те заслужам тебе, таква совршена личност. Среќен роденден за тебе, синко. Те сакам. Оваа емотивна објава никого не остави рамнодушен, а фановите веднаш упатија бројни честитки до Марија и нејзиниот мал Марио.
View this post on Instagram
Да потсетиме, една од ннајдобрите вокали Марија Шерифовиќ доби син со помош на сурогат мајка.
фото: printscreen/instgaram