Промотер

„Понекогаш мирот во душата вреди повеќе од секоја победа“, порачува Емилија кревајќи – „Бело знаме“ (ВИДЕО)

„Понекогаш мирот во душата вреди повеќе од секоја победа“, порачува Емилија кревајќи – „Бело знаме“ (ВИДЕО)

Емилија продолжува со својата музичка приказна, а овојпат пред публиката пристигнува со „Бело знаме“ – нова песна во која уште еднаш до израз доаѓа нејзиниот моќен и препознатлив вокал.

Нумерата е третата песна од албумот „25“, а зад насловот „Бело знаме“ се крие порака која, како што открива самата Емилија, е многу подлабока од она што можеби се чини на прв поглед.

„Не секоја битка мора да се добие. Понекогаш најхрабриот избор е да сфатиш дека мирот во душата вреди повеќе од секоја победа“, порачува Емилија.

Песната официјално е објавена на почеток на месец октомври, а освен на сите музички платформи, пристигна и со официјален видеоспот кој ја заокружува целата приказна.

 

 

За музиката, текстот и аранжманот се погрижил Темелко Андреев, кој ги потпишува и миксот и мастерингот. Придружните вокали ги изведуваат Ангела Влинтовска и Мартина Елиора, додека Оливер Тевчев е задолжен за гитарата и басот.

Во реализацијата на песната учествува и бројна екипа музичари: Игор Илковски, Оливер Тевчев, Јована Богданоска, Ивона Јо, Стојанче Наумовски, Александар Пановски, Елена Ефремова, Виктор Китановски, Стојан Стојанов, Сандра Дејановиќ, Марија Илиева, Ангелина Павлова и Златко Панов.

А кога станува збор за видеоспотот, и тука главната улога зад камерата ја има Темелко Андреев. Тој ги потпишува монтажата, сценариото, режијата, VFX, SFX и постпродукцијата, додека камерата е на Андреев и Иво Иванов, кој ги реализирал и дрон-снимките.

Со „Бело знаме“, Емилија продолжува да го открива својот авторски свет и да го гради музичкиот мозаик на албумот „25“. Песната носи приказна за моментите кога човек сфаќа дека не мора по секоја цена да се бори, ниту секоја битка да ја добие – затоа што понекогаш најголемата победа е да го избереш сопствениот мир.

„Бело знаме“ веќе е достапна на сите музички платформи, а истата спакувана заедно со официјалниот видеоспот проследете ја во продолжение…

 

To top