Мегафон ТАЖНА ВЕСТ

Почина Никола Глигоров, културен работник и долгогодишен директор на Дирекцијата за култура и уметност – Скопје

Почина Никола Глигоров, културен работник и долгогодишен директор на Дирекцијата за култура и уметност – Скопје

По кратко боледување почина Никола Глигоров, културен работник и долгогодишен директор на Дирекцијата за култура и уметност Скопје, кој последниве години беше во пензија, соопшти установата.

Дирекцијата е организатор на манифестациите Скопско лето, Есенски музички свечености и Матурска парада, кои се одржуваат над 40 години.

„Неговата посветеност и придонес во развојот на културниот живот на Скопје ќе останат трајно врежани во нашата организација и во културната меморија на градот“, велат од Дирекцијата.

Глигоров етириесет години упорно и со непрегор ја анимираше Скопската култура. Скопско лето, Скопска музичка есен, Денови на Европско Скопје, Матурска парада,Спектакуларните дочеци на Нова Година на Плоштадот Македонија,и сето тоа заедно со малиот колектив го организираа и го даруваа на Скопје. Во последните години,храбро се бореше да ја спаси Културната традиција на градот Скопје и покрај игнорантскиот однос на инстуциите.
Се пезионира минатата година како Директор на Дирекцијта за култура и уметност.


Последното простување со починатиот Никола  Глигоров ќе се одржи  денес, вторник , 24 февруари во Капела 2 на Градските гробишта Бутел, во периодот од 12:30 до 13:30 часот.

To top