Почина Божидар Симоновски, легендарен музичар и организатор на најдобрите концерти во Штип и Македонија.
По долго боледување, во Штип почина Божидар Симоновски, култен музичар и еден од најдобрите музички организатори во државата.
Симоновски некогаш беше член на многу популарната група Македонија, како басист, која одржуваше концерти низ цела поранешна Југославија и некогашниот Советски Сојуз.
Подоцна музичкиот живот го продолжи како стручен соработник во Домот на младите во Штип, каде работеше 40 години до пензионирањето.
Има организирано над 1000 концерти и снимено неколку стотини композиции.
Роден е во Штип во 1952 година.Во сеќавање останува како исклучителен музичар и неверојатен човек.
фото:Facebook







