Промотер

По тишина и преиспитување, Марко Логаут се враќа во ново бегство – „Побегни со мене“ (ВИДЕО)

По тишина и преиспитување, Марко Логаут се враќа во ново бегство – „Побегни со мене“ (ВИДЕО)

По подолга пауза, човекот со уникатен вокал Марко Логаут се враќа на музичката сцена со новата песна „Побегни со мене“, со звук што носи поавтентична приказна и јасна емоција.

 

Неговото отсуство од сцената не било случајно. Позади Марко стои период на тишина, преиспитувања и интензивен креативен процес, во кој се создавала нова музичка приказна. Овој период, исполнет со лични предизвици и инспирација, резултирал со дело што најавува поинакво и подлабоко враќање.

 

Текстот за песната го потпишува Весна Малинова, додека музиката е авторско дело на самиот Марко Логаут. Аранжманот го изработил Матија Пешиќ од Србија, а видеото е реализирано по идеја на хрватската режисерка Ана Бутиган. Зад камерата стои Петар Јовановиќ од Србија, додека како модел во видеозаписот се појавува Катарина Бањанин.

 

Снимањето се одвивало во соседна Србија, што дополнително му дава интернационален печат на проектот.

„Побегни со мене“ не е само нов сингл — тоа е момент кога сè што било потиснато, недоискажано и недокажано, излегува на површина преку музика, вели накусо популарниот музичар. Ова не е крајот, туку почеток на нова музичка етапа.

По премиерата на „Побегни со мене“ најавени се уште неколку нови песни, како дел од проект што постепено ќе се открива пред публиката и ќе ја прикаже вистинската длабочина на неговото уметничко враќање.

Проследете го новиот музички проект „Побегни со мене“ од видеото во продолжение…

To top