Радио Милева обединување

По 18 години овие „Гранд“ ѕвезди ќе се спојат во чест на Саша Поповиќ (фото)

По 18 години овие „Гранд“ ѕвезди ќе се спојат во чест на Саша Поповиќ (фото)

Саша Поповиќ почина на 1 март, по битка со тешка болест, а неговото заминување погоди многумина.

Снимањето на емисијата „Ѕвезде Гранда“, чиј креатор е Саша, ќе продолжи и по паузата, а како што откри водителот Милан Митровиќ, ќе отпеат песна во негова чест.

Се шпекулира дека станува збор за песната “Rode će se opet vratiti” (Штрковите пак ќе се вратат), која е последната компонирана песна на Поповиќ, а која ја отпеа Гранд квартет – Немања Стевановиќ, Милан Динчиќ, Милан Станковиќ и Душан Свилар.

Динча објави фотографија од студиото на Гранд во Кошутњак каде го гледаме во друштво на неговите колеги Немања и Душан.

– По 18 години. Пред точно 18 години снимивме песна компонирана од Саша Поповиќ, „Rode ce se opet vratiti“. Се чини дека дури сега добива целосна смисла, кога некој ни драг привремено ќе го напушти овој живот – напиша Динчиќ и додаде: – Убаво е да се видат драги колеги после долго време. Се потсетивме на убавите моменти од нашите почетоци. Се гледаме наскоро на Гранд во „Ѕвездите на Гранд“ – нагласи Милан Динчиќ.

Она што многумина го забележаа е дека на фотографијата го нема Милан Станковиќ кој беше со нив во нивната генерација и го сочинуваше четвртиот дел од квартетот.

Сепак, познато е дека Милан Станковиќ целосно се повлече од музичката сцена, а во периодот додека пееше си замина од Гранд продукција, па се шпекулира дека тоа се дел од причините поради кои не се појави.

фото:Printscreen/ TV Pink/ Zvezde Granda/Milan Dincic

Поврзани теми

To top