Мегафон

Пиволенд 2025 повторно го освежува Скопје – три дена пиво, музика и забава

Пиволенд 2025 повторно го освежува Скопје – три дена пиво, музика и забава

Од 21 до 23 август, Скопје ќе пулсира во ритамот на добрата музика и вкусот на квалитетното пиво, бидејќи по 14-ти пат ќе се одржи омилениот фестивал Пиволенд.

Оваа година, љубителите на пивото и фестивалската атмосфера ќе се собираат во Паркот на франкофонијата, каде што ги очекуваат три незаборавни вечери исполнети со концерти, дружење и богата понуда на пијалаци и гастрономски деликатеси.

Организаторите најавуваат дека наскоро ќе биде објавена целосната програма на музичкиот дел, како и дополнителни детали околу настанот. Судејќи по претходните изданија, посетителите можат да очекуваат мешавина од домашни и регионални изведувачи, уникатни пивски вкусови и многу добра енергија.

Пиволенд останува фестивал кој го спојува најдоброто од забавата, културата и гастрономијата – и ова лето повторно ќе ја разбуди фестивалската душа на Скопје.

фото:Facebook/Пиволенд

To top