Најстарата ќерка, првата љубов на музичарот Никола Перевски-Пере, Михаела Миа Перевска, го однесе тато до облаци од убаво на душа.
Миа го направи горд и среќен со диплома во раце за аудио инженер по завршувањето на студиите на Универзитетот за аудио-визуелна уметност- ЕСРА.
Дека талентот за музика неспорно е во нејзините гени, наследничката на Пере веќе години наназад го покажува и докажува јавно.
-Не ја учев да биде тивка. Ја гледав со слушалки на главаи со срце што пулсираше во ритам. Не од ова време,не од овој шум. Денес е дипломиран аудио инженер.University of Audiovisual Arts – ESRAСкопје-Париз-Њујорк.од соништа до диплома.Таа не го слуша светот,таа го снима.Моја ќерка,мојот најдобар звук, напиша тато Пере во своите објави на социјалните мрежи.
Инаку, Миа е автор, изведувач и продуцент на сопствената музика во авангардните поп води на нашата сцена. Од големи настапи и како бек вокал на голем број реномирани македонски артисти како и на група „Нокаут“, до авторски концерти на најголемите скопски фестивали.
Миа со својата последно објавена песна “Без себе” го најави својот прв албум кој излегува годинва.
Таа исто така од неодамна се појавува и како водител на емисијата „Хитмејкер“, што е близу пак и до професијата на мајка си, новинарката Александра Спировска.
Пере од Нокаут има 4 ќерки, двете ќерки Миа и Каја од првиот брак и двете ќерки Ирис и Софиа, од вториот брак со сопругата Јована.
Честитки!
фото:Instagram printscreen/ Facebook/ Nikola Perevski/ miaperevska