Радио Милева предизвик за „капа доле“

Пејачката Елена Јовческа се породи пред само две недели, а сега најави нешто кое ретко го прави тазе остварена мајка

Пејачката Елена Јовческа се породи пред само две недели, а сега најави нешто кое ретко го прави тазе остварена мајка

Македонската поп-фолк пејачка, прилепчанката Елена Јовческа, пред речиси две недели стана мајка на здраво и живо женско бебе кое го носи името Талија.

Мајчинството е најубатата и најблагородната улога дадена од Бога, а Елена е благословена да ја живее и ужива со полни гради мајчинска љубов.

Првите денови и месеци се полни со предизвици од разни аспекти кога одгледувањто на едно бебенце е во прашање, особено за тазе мајките без искуство.

Си роди наследничка: Македонската фолк пејачка и гајдаџика стана мајка и веднаш го покажа бебето

Елена најверојатно има силна поддршка и помош од семејството, затоа што нејзината последна и најнова објава на социјалните мрежи е навистина изненадувачка.

Имено, на само еден месец по породувањето, Јопвческа започнува со предновогодишни тезги, а првата веќе е закажана за 13-ти дември во Тетово. Но, тука тазе остварената мајка не запира… Следува густо набиена агенда со настапи воДелчево, Виница, Лешани, а договорен настап има и за дочекот на Нова Година.

Ретко кога сме биле сведоци на ваков пример, ама Јовческа очигледно е мултипрактик мама која успева успешно да жонглира со новата мајчинска улога, а работата во ниеден случај да не трпи.

Веројатно, љубовта е главниот извор на енергија која и тоа како ќе и биде потребна периодов што следи.

Дека не е лесно тоа е сигурно, но се добив нешто подлабоко. Тоа е неверојатно наградувачко, но сепак и неверојатно предизвикувачко. И тоа е она што го прави убаво!

 

фото:Facebook/Elena Jovceska/ Instagram printscreen/

To top