Битолскиот рокенрол бенд „Паркети“ најавува спектакуларен концерт на 26 април во Младинскиот културен центар во Скопје. Под насловот „Паркети и пријатели“, овој настан ќе обедини бројни музички имиња и љубители на рокенролот.
На сцената со „Паркети“ ќе застанат и гости како Димиш, „Д Далтонс“, Зоки Агресор, Сеад Хаџиќ-Сецко, Сашо Поповски, Донплеја, Александар Ристовски-Принц и уште многу други. Сашо Паркет, фронтменот на бендот, истакнува дека идејата зад концертот е прослава на пријателството и љубовта кон рокенролот: „Многу музика и многу легенди на едно место.“
Бендот, кој повеќе од три децении ја одржува живата енергија на македонската рок сцена, вети незаборавна вечер за сите генерации на фанови.
Влезниците се веќе пуштени во продажба.