Популарната актерка Памела Андерсон, која се прослави по улогата во серијата „Baywatch“, но и благодарение на фактот што неколку пати се согласи да позира гола за списанија, како и за интимно видео со нејзиниот поранешен сопруг, а во една прилика пак апелираше до луѓето да не гледаат порнографски филмови.
Таа во една емисија откри што претрпела во спалната соба и за тоа ја обвини порнографијата.
„Денес, овие филмови станаа толку достапни што луѓето станаа десензибилизирани, а сексот станува сè почуден и побизарен. Знам дека сум дел од проблемот, бидејќи направив фотосесија за Плејбој и имав снимка што ми беше украдена од мојата куќа“, рече Памела.

Подоцна призна дека се однесувале кон неа како кон ѕвезда од филмови за возрасни.
„Дали некогаш се однесувале кон вас како кон порно ѕвезда во кревет? Воопшто не е пријатно. Плукаа по мене и дефинитивно ме навредуваа. Луѓето мислат дека сум дива и луда“, рекла таа. Памела се обидува да ги научи своите синови, Брендон и Дилан, дека не треба да се однесуваат кон девојките на тој начин.
„Им реков да ги почитуваат своите девојки, бидејќи ако не го сторат тоа, тогаш не ја почитуваат ниту својата мајка“, објаснила Памела.
foto: printscreen/pamelaanderson



