Таа е млада македонска пејачка која стана особено интересна за јавноста по впечатливиот и забележителен настап на последниот „Макфест 2023“ и уште подобриот прием на нејзиниот хит „Бумеранг“.
На почетокот на 2024 следуваше новата песна „Невера“ со која потврди дека допрва ја очекува успешна кариера, а веднаш потоа и дуетот со Дарко Андонов во темата „Кога знам“ покажа дека на Тијана Периќ во иднина мора серизозно да се смета.
Оваа млада дама, студент по музика, пијанистка уште од детска количка и поп пејачка која станува се попозната и попопуларна го (про)слави својот 22-ри роденден, а меѓу грстот роденденски честитки, највпечатлива онаа на нејзината мајка.
Имено Виолета, која е ТВ новинар, но и постојана поддршка на нејзината ќерка, на својот Фејсбук профил споделила колаж фотографии, со кои направила мала прошетка по спомените од различни периоди на детството на нејзината ќерка, па се до овие денеш ни денови кога Тијана е веќе возрасна мома и се’попознато естрадно лице!
И додека пејачката со прскалки в рака се забавувала славејќи го „денот што го чекаме цела година“, нејзината мајка „семејниот фото-времеплов“ го надополнила со емотивна порака, во која ја вткајала роденденската честитка до својата ќерка:
„Убавино моја, единствена,
Само е потребно некогаш да ги затвориш очите,
И да мечтаеш, да имаш крила и да полеташ,
Со твоите раце да направиш чуда.
Да ја обоиш месечината со сонце,
И со неуморни чекори да стигнеш
и онаму каде што не е можно.
Среќна 22- ка убавице и умнице моја!
Секогаш чекори храбро, и сите мечти претвори ги во реалност, обои ја месечината со сите твои успеси во сонце, патувај самоуверено и стигни секаде каде ќе посакаш и најважното биди ми среќна, здрава и жива, а мама секогаш ќе те следи на патот“ – и порача на својата ќерка македонската новинарка.
А прошетката по спомените преку старите фотографии само уште повеќе ги разбуди емоциите кај обете, па мајчинската љубов и поддршка станува уште поцврста, а возвратената љубов посилна. Зашто роденден е денот што го чекаме цела година, но и убава можност и прилика да ја покажеме сета своја љубов и прврзаност кон оние што најмногу ги сакаме, кон најблиските. Меѓудругото и со дузина убави, искрени и топли мајчински зборови!
View this post on Instagram
Фото: Фејсбук/Виолета П. Периќ / Инстаграм/tijana.perikj