Моментално најпопуларното име во светот за девојчиња е Софија. Лесно се изговара на многу јазици, а значи мудрост.
До тој заклучок дошла американската експертка за имиња, Лаура Ватенберг, која наведува дека Мексико, Италија, Русија и Америка се меѓу земјите со најмногу бебиња, девојки и жени кои се викаат Софија.
-Неверојатно е што на толку многу различни јазици и во толку многу различни култури едно име звучи исто. Тоа секако кажува нешто за начинот на кој културата се пренесува денес, вели Ватенберг.
Мексико, Русија, Аргентина, Италија, Швајцарија, Естонија, Чиле и Словачка се земјите во кои родителите најчесто ги именуваат своите девојчиња Софија. Тоа е меѓу трите најпопуларни имиња во дури 20 земји.
Софија на грчки значи мудрост, а тајната на популарноста на името делумно е во тоа што се изговара исто на различни јазици.
Ова име е често и во Македонија.
фото:Freepik