Љубов и секс

Ова е најголемата грешка која ја прават мажите во кревет: Секоја жена го мрази тоа

Ова е најголемата грешка која ја прават мажите во кревет: Секоја жена го мрази тоа

Многу мажи сметаат дека на жените најважно им е да имаат мускулесто момче кое може бескрајно долго да води љубов и секојпат да ги доведе до неверојатен оргазам. Да, но во соништата. Во реалниот живот жените се всушност многу поедноставни. Оргазмот е и понатаму важен, но сигурно нема да ѝ пречи вашиот „пивски стомак“, ниту тоа што сексот нема да трае цела ноќ и десет минути.

Но, постои една работа која секоја жена ја мрази. А многу мажи тоа го прават.

Неодамнешното истражување спроведено од страна на „Канадскиот совет за сексуални информации и образование“ покажува дека на жените ужасно им пречи кога мажот ќе се сврти со грб после сексот и ќе заспие или едноставно станува и го напушта креветот.

Имено, она што најмногу го сакаат жените е галењето во креветот по акцијата.

Според истражувањето на 2.400 жени, дури 71% од нив изјавиле дека сексот е многу пријатен доколку со партнерот се гушкаат и си разменуваат нежности шест до десет минути по истиот. Ова докажува дека размената на љубов по сексот на жените им е многу поважна од предиграта“, истакнува авторката на студијата, Робин Милхаузен.

За жените, нежноста по сексот е важна бидејќи хормонот окситоцин кој се ослободува по водењето љубов ги тера да сакаат повеќе внимание. Исто така, жените после сексот се чувствуваат ранливи, па нежноста во такви моменти особено им годи.

Испитаниците на истражувањето откриле и колку често после галењето доаѓа до ново „дејство“ во креветот, што секако не се случува кога партнерот веднаш ќе заспие или стане и се упати да гледа телевизија.

извор:точка.ком.мк
фото:Freepik

To top