Македонската фолк-пејачката Стојне Николова денес го слави својот роденден, а социјалните мрежи се полни со честитки од семејството, пријателите и обожавателите.
Стојне Николова, родена на 4 септември 1994 година во Струмица, денес важи за една од најатрактивните пејачки на домашната сцена.

Таа посветува големо внимание на својот изглед, и токму поради тоа многумина забележуваат дека изгледа многу помлада отколку што е.

Таа е позната по својата долга, права коса и стил кој ретко го менува, не направила драстични трансформации, а нејзиниот природен изглед доминира.

Стојне денес вниманието го привлече и со најновите фотографии од септемвриската плажа, во бикини издание за кое доби безброј пофалби.
View this post on Instagram
Подоцна, на краките приказни сподели и фотографија по повод роденденот, а во описот на фотографијата напиша : „Не прашувајте, што посакав“, на англиски јазик.

Се огласи и на социјалната мрежа „Фејзбук“ каде и откри дека денес е нејзиниот посебен ден во годината. Славеничката блеска во тесен фустан на плажа, а на едната слика и наводенет, со што покажа колку била опуштена атмосферата по повод нејзиниот роденден.
Сепак, на многумина им е тешко да поверуваат дека Стојне, штотуку наполни триесет и една година.
Среќен роденден!
Фото: print Screen/Instagram/Facebook/Stojne Nikolova







