Американскиот 55 годишен актер Ноа Вајли, добитник на наградата „Еми“ и ѕвезда на медицинската телевизиска драма „The Pitt“, е прогласен за овогодишниот „Најсекси маж на светот“ во изборот на американското списание „Пипл“.
По објавувањето на признанието, актерот за списанието изјавил дека веста му звучела како шега кога првпат ја слушнал.
– Ниту за милион години не помислив дека ќе имам таква чест. Ова за мене беше убаво изненадување.Се надевам дека сега сè ќе се промени и дека отсега натаму ќе има само вино и рози, млеко и мед, изјави Вајли.

Неговата сопруга Сара (46), сепак, успеала да го убеди дека признанието е целосно заслужено.
– Таа мисли дека сум добар човек, татко и сопруг и дека ја заслужувам наградата, додал Вајли.
фото:Instagram printscreen/therealnoahwyle/






