Радио Милева ноќ полна емоции

Ова беше најубавото финале од „Никогаш не е доцна“: Калиопи и Љубица Вранеш приредија спектакл за паметење (видео)

Ова беше најубавото финале од „Никогаш не е доцна“: Калиопи и Љубица Вранеш приредија спектакл за паметење (видео)

Спектакуларното финале на шоуто „Никогаш не е доцна“ дополнително го засилија нашата Калиопи и Љубица Вранеш кои ја имаа честа да седнат во жирито, но и за првпат ги вкрстија гласовите на големата сцена на Гранд.

Жика Јакшиќ не ја криеше среќата што двете дами се во жирито на големата ноќ, поради што имаше посебна желба.

-Имам две примадони, две прекрасни жени, не знам како поинаку би можело да помине оваа емисија и кажав една желба за мене од нив две – рече Јакшиќ, по што испеаја микс од песни „Ти би хтео песмом да ти кажем“ и „Елено ќерко Елено“ поради што преовладуваше неверојатна емоција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Со громогласен аплауз беше дочекан настап за кој долго ќе се зборува, со што се согласи и самиот Јакшиќ.

– Ова е најубавото финале досега. Благодарам Љубиче и благодарам Калиопи – задоволно истакна авторката на емисијата, а како пееја погледнете од линкот.

Стручното жири во финалето го сочинуваа Саша Милошевиќ Маре, Љубица Вранеш и Калиопи, како и 23 членови на жирито кои гласаа во телефонска врска во живо и на тој начин го избраа победникот.

Победник на деветтата сезона на шоуто „Никогаш не е доцна“ според одлуката на стручното жири е Ружица Чавиќ Томиќевиќ, која доби најголема поддршка од стручното жири, која изнесуваше точно 188 гласа.

Првиот победник го избра публиката на Фејсбук, а титулата ја освои Селма Чавкиќ, која освои најмногу гласови.

Најголемата поддршка од публиката ја доби Сашо Башески преку СМС гласови. За Македонецот во финалната вечер беа добиени 6.087 гласови.

– Прилеп ќе се гордее, како и сите Македонци. Благодарам – рече Калиопи додека му ја предаваше наградата на Сашо, а тој и се заблагодари за се’.

фото:Instagram printscreen/ kaliopi_official/ You tube printscreen/ Grand Online

To top