Личниот асистент на славниот актер, Кенет Ивамаса, призна дека на Пери му инјектирал лек на кобниот ден.
Смртоносна доза кетамин била пронајдена во крвта на Метју Пери при обдукција, а славниот актер почина во својот дом во Лос Анџелес во октомври минатата година. Полицијата преку истрагата дошла до имињата на пет лица кои биле вмешани во смртта на ѕвездата од серијата „Пријатели“, а сега на површина излегоа нови детали за целиот случај.
Д-р Марк Чавез се изјасни за виновен пред Окружниот суд на САД во Лос Анџелес. При изрекувањето на пресудата, тој може да добие и до 10 години затвор. Друг лекар негираше вина, а личниот асистент на славниот актер Кенет Ивамаса призна дека кобниот ден на Пери и вбризгувал фатална доза кетамин.
View this post on Instagram
Сега е откриено колку актерот платил за шишињата кетамин кои завршиле во неговата крв. Лекарот обвинет во овој случај, Салвадор Пласенција, се изјасни за невин, како и сообвинетиот Џесвин Санга, позната како „кралица на кетаминот“.
Двајцата лекари се сретнале на половина пат помеѓу Лос Анџелес и Сан Диего истиот ден, размениле најмалку четири ампули со лекот.
Пери му платил на Пласенсија 4.500 долари за дозите, што го натера Пласенсија да побара од Чавез да продолжи со снабдувањето за двајцата лекари да бидат оние кај кои Пери би се вратил. Според судските документи, Пласенсија му препишал кетамин на Пери и го обучил асистентот кој му го инјектирал лекот. Телото на Метју Пери беше пронајдено во базенот во неговата палата во Лос Анџелес.
фoто: printscreen/instgaram/YouTube