Поп- пејачката Наташа Малинкова години наназад остана пераманентна на естрадата, секогаш со нови песни и во тек со музичките трендови, но со една главна нишка на се’ – позитивната енергија и маестралниот вокал од кои со секој свој настап умее да ја донесе атмоферата на ниво.
Времињата се менуваат, се менува и таа кога е и визуелниот израз во прашање, особено кога до себе ја има ќерка си Султана која веќе одлично котира меѓу инфлуенсерите промотори на производи за нега и убавина.

Па така, мама Наташа никако не може да има отстапки кога трендовите се во прашање.

Од своето најново „стори“ на Фејсбук, пејачката изненади со нови освежени волуменозни усни, ама и скратена коса. Малинкова стави акцент на природниот изглед без шминка, а како освежување додаде и очила.

Свежина, природенен и ненметлив изглед од кој дефинитивно изгледа помлада.
Сериозна… беше насловот на песната кој го избра за музичка позадина, но ние би рекле дека Нашаша е сериозна за опасно добра селекција – ваква или онаква!
фото: Facebook/ Instagram printscreen/natasamalinkova




