Радио Милева без заштита за уши

„Освести се!“ – Пејач го прекина настапот поради неодговорност на мајка со  бебе во публиката (видео) 

„Освести се!“  – Пејач го прекина настапот поради неодговорност на мајка со  бебе во публиката (видео) 

Додека настапуваше, 31-годишниот пејач ја прекина музиката и се обрати на мајка во публиката, која со себе донела бебе старо околу една година, но без заштита за уши.

На снимка што брзо се прошири низ интернетот, Малума прво ја прашал за возраста на детето, а потоа со сериозен тон ја критикувал ситуацијата.

„Дали мислиш дека е добра идеја да донесеш едногодишно бебе на концерт каде децибелите се толку високи? Тој малечок дури и не знае каде се наоѓа. Следниот пат, заштити му ги ушите или направи нешто, бидејќи ова е сериозно. Тоа е твоја одговорност“, објасни Малума.

Повикувајќи се на сопственото родителско искуство, пејачот додаде: „Ја тресам тука како играчка. Искрено, детето не би требало да биде тука. Ова го зборувам со целосен респект и од љубов… откако и јас сум татко, никогаш не би ја донел својата ќерка на концерт. Следниот пат, биди посвесна.“

Малума, кој има едногодишна ќерка на име Париз, доби аплауз од публиката, која делуваше како да целосно ја поддржува неговата реакција.

фото: printscreen/Х

To top