Актерот Сергеј Трифуновиќ денеска од страна на Вишиот суд во Белград е осуден на условна казна од шест месеци затвор со две години пробен период за поседување 11,8 грама марихуана за лична употреба, пренесува Курир.рс! Со истата пресуда, В.А. кој наводно му продавал дрога е осуден на три години и четири месеци затвор бидејќи при апсењето му биле пронајдени уште 100 грама дрога.
Сергеј Трифуновиќ инаку не се појави во Вишиот суд во Белград на донесубвањето на пресудата,но тоа не е ни потребна според законот. Актерот се товари за кривично дело неовластено држење наркотици, за што судот го осуи на 6 месеци условен затвор, а казната нема да се изврши доколку во рок од две години не стори ново кривично дело“, изјавил денеска судијата при изрекувањето на првостепената пресуда. Трифуновиќ беше уапсен поради поседување марихуана на 18 април минатата година. Во обвинението што Вишото јавно обвинителство во Белград го поднесе по истрагата стои дека осудените биле приведени по предавањето на марихуаната. По распитот во обвинителството, Трифуновиќ беше пуштен да се брани од слобода.
Фото: Инстаграм/sergejtrifunovic