Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт за деца „Оловното војниче“ од Ханс Кристијан Андерсен на музика од македонскиот композитор Филип Иванов, во сабота, во 12 часот.
Музичка приказна која ќе се одвива на сцената ќе биде надополнета со видео проекција на филмско платно.
„Еднаш многу одамна, едно малечко дете за роденден доби подарок кутија со играчки. Внатре во кутијата беа сместени 25 оловни војничиња кои беа направени од една стара голема оловна лажица. Детето многу се израдува и веднаш ги постави војничињата на масата каде што имаше и многу други играчки. Сите војничиња беа исти. Носеа црвено – сини униформи, а пушките ги држеа високо исправени потпирајќи ги на своите раменици. Беа наместени во строј и спремни за марширање“, вака почнува една од најубавите приказни од Ханс Кристијан Андерсен посветена на љубовта помеѓу две играчки.
Со концертот ќе диригира маестро Борјан Цанев, наратор е Мартин Јордановски.
фото:Македонска филхармонија






