Водителот синоќа ненадејно ја прекина емисијата „Амиџи шоу“ и и се обрати на сопругата Минa.
Огњен Амиџиќ синоќа во емисијата ги угости Индира Арадиновиќ Инди, Шејла Зониќ, Марина Вишковиќ, Мирза Селимовиќ, Ненад Јовановиќ Близанц и Славица Ќуктераш, а кога часовниот покажал полноќ, им се обратил на гостите и кажал дека мора да го прекине шоуто.
– Ќе ве замолам за секунда внимание. На жена ми и е роденден и сакам да и честитам со песна – рекол Огњен, по што добил громогласен аплауз.
– Мирза ќе ја пее, песната се вика „Мина“ – додаде водителот, а Селимовиќ се фати за микрофонот.
Сите присутни очигледно уживаа во музиката, а потоа Амиџиќ го продолжи шоуто.
– Ти благодарам, навистина го „уби“ какло отпеа – заврши Огњен низ смеа.
Да потсетиме, Мина и Огњен пред неколку месеци добија син на кој му го дадоа името Перун, а гордата мајка често ги споделува нивните семејни моменти на социјалните мрежи и истакнува дека малиот Перун е истиот тато Огњен.
фото:Printscreen/ Pink TV