Се вери поранешната учесничка на реалното шоу „Задруга“ Драгана Митар.
Имено, Драгана на својот Инстаграм профил објави фотографија со голем букет рози, но и прстен на раката на која напиша ДА.
Откако се разведе од сопругот со кој има дете, таа повторно е среќна во љубовта. Како што е познато, неодамна беше откриено дали таа и нејзиниот избраник планираат да се венчаат, а според приказната на Драгана, подготовките дефинитивно се во тек.
Жешките денови Драгана реши да ги помине надвор од Белград, па се огласи на Инстаграм и покажа како ужива на базен.
Како што е веќе познато, поранешната задругарка е склона кон трансформации, а сега изгледа сосема поинаку.
Неодамна таа се појави во емисија со испеглана коса и шишки, а многумина коментираа дека личи на Маја Маринковиќ. Правата, долга и црна коса сега ја заменила со чоколадна, а локните со гордост ги покажала.
По неколку естетски корекции и хируршки интервенции, таа речиси целосно го промени својот личен опис.
Денес повеќе ниту оддалеку не личи на онаа Драгана која за првпат се појави во реалното шоу.
Фото: Јутјуб принтскрин и Инстаграм/dragana_mitar