Младите и немажени девојки оправдано ја посакуваат и замислуваат својата венчанца, како ќе изгледаат и каков ќе биде секој детаљ од најголемиот ден.
Пејачката Антониа Гиговска изминатиот период ги почувствува на своја кожа овие возбудливи моменти од подготовката на нејзината свадба од соништата.
View this post on Instagram
Таа пред една година кога се потпишаа во матилчно со сега веќе сопругот Роберт Спасенцовски, носеше венчаница и тоа кога имаше нараснато трудничко стомаче.
Но веројатно како и повеќето девојки, така и таа сакаше да ја носи венчаницата/те кога ќе го игра првиот танц и ќе слави на свадба заедно со сите драги личности во нејзиниот и животот на саканиот.
View this post on Instagram
Дека ќе прават свадба беше тајна за јавноста, се до моментот кога на три дена пред свадбената свеченост решија за првпат јавно преку нашиот портал Вистина.ком.мк да откријат дека се подготвува нешто големо – свадба како круна на нивната љубов.
За се’ она што се случуваше во периодот на подготовката, од декорацијата, па се до фитингот на венчаниците кои ги носеше, Антониа подготви видео кое го сподели на својот Инстаграм.
Како се одвиваа подготовките за свадбата од соништата, возбудената невеста несебично покажа се’ она што и се случуваше.
фото/видео: Instagram printscreen/ antoniagigovskaa