Мегафон „Ohrid Water Festival“

Од 23 – 31 август ќе се одржи „Охридскиот фестивал на вода“

Од 23 – 31 август ќе се одржи „Охридскиот фестивал на вода“

Од утре, (23 август) во Охрид започнува Охридскиот фестивал на вода на кој ќе се одржат повеќе спортски активности, концерти и настапи на диџеи.


Меѓународна едриличкарска регата ќе се одржи од 10 часот на плажата Горица 1, а пливачки митинг во исто време ќе има на базенот кај СРЦ  „Билјанини извори“. На 24 август, од 15 часот на Кејот Македонија ќе се одржи трка со педалинки.

Секој ден, до 31 август ќе има различна спортска и забавна програма. На 28 август, ќе се одржи забава со диџеј „Чваре“ од 21 часот пред хотелот „Палас“, а на 29 август од 19 часот на истото место ќе има концерт на „Златно славејче“. На 30 август пред хотелот „Палас“ ќе има промоција на македонска традиционална храна од 20 часот, а од 21 часот, концерт ќе одржи Наум Петрески.

Настанот завршува со традиционалниот Охридски пливачки маратон кој почнува на 31 август на Свети Наум од 11 часот. На 31 август од 21 часот, концерт пред хотелот „Палас“ ќе одржи „Суперхикс“.

To top