Радио Милева слободно време

„Новосадската барбика“ мами воздишки – Наташа Беквалац се сонча на плажа во Шпанија

„Новосадската барбика“ мами воздишки – Наташа Беквалац се сонча на плажа во Шпанија

Наташа Беквалац максимално ужива во паузите од настапите, па сега им покажа на своите следбеници како го искористила слободното време.

Имено, Беквалац објави фотографии на својот Инстаграм профил на кои се гледа како се сонча на плажа.

Пејачката ги спушти прерамките од костимот за капење за да се сонча, а на лицето немаше ни трошка шминка, покажувајќи ја својата природна убавина.

Инаку таа го прослави својот последен роденден на Ибица со својата сестра Кристина и ќерките Хана и Петра.

Таа тогаш сподели серија фотографии од своето патување на Инстаграм, на кои позираше во едноделен костим за капење.

Наташа позираше и го покажа своето извајано тело и заносните облини, насмевнувајќи се додека брановите ја плискаа, а цело време ја фотографирала нејзината ќерка Хана.

– Фотографии од Хана Икодиновиќ. Вели, тоа ми е за мојот роденден – напиша Наташа по тој повод.

Foto: Instagram / bekvalceva / screenshot

 

To top