Поранешната членка на групата Моделс, Ивана Стаменковиќ Синди, важи за една од најатрактивните пејачки на јавна сцена.
Ивана често на социјалните мрежи објавува слики и видеа од егзотични дестинации, а сега конечно откри „од каде и пари“, кога со години не пее и никаде не настапува.
„На Инстаграм правам разни видови реклами, па тоа го правам сега. Работев многу години од мојата 14-та година, па сега можам да се пензионирам, претпоставувам дека тоа го заслужив“, изјави Ивана за Телеграф и откри дали можете да заработите добри пари од оваа работа:
„Можно е, ако добро го правите тоа што го правите и добро ја завршите таа работа, тогаш ќе ве ангажираат разни куќи. Сега нема да зборуваме за бројки“. Синди истакнува дека нејзиниот избраник мора да работи, и дека целосно ги баталиле излегувањата и алкохолот.
– Toj mора да работи, што да прави човекот кога не почнал на време. Нема повеќе, доста е излегувањето – низ смеа откри таа и истакна дека повеќе не пие алкохол, а дека порано додека конзумирала знаела многу да претера.
– Претежно ми поминуваше кога бев тинејџерка, а после тоа станав сериозна жена. Зависи кога, кога ќе пијам малку тогаш сум среќна, кога ќе пијам многу тогаш сакав да се убијам – изјави пејачката во една прилика за „Телеграф“.
фото: rintskrin/instagram/sindi_models