Пејачката Антониа Гиговска пред година и четири месеци се оствари како мајка и на свет го донесе своето прво синче кое го носи името Киан. Оттогаш, Киан е центарот на нејзиниот свет, музиката на нејзината душа.
Антониа не ретко знае да изјави дека мајчинството ја променило доста, но кога е приватноста и родителството во прашање Антотниа се опушти да споделува моменти со наследникот и да го покаже дури за неговиот роденден кој беше во месец јули.
Сега мама Тониа се претстави себе си, па и Киан во едно поинакво светло, природно и опуштено во домашно издание и тоа не било каково туку додека пеат заедно или барем се обидуваат да направат дует.
Па така, додека мама ги вежбаше гласните жици и учеше некоја песна, Киан веројатно веќе навикнат редовно пред себе да го гледа истото, реши и тој малку да подзапее и да ја имитира мама.
А кога таа слушна, го вклучи мобилниот да снима, а овековечи, да ја сподели снимката на Инстаграм и да праша:
-Типувајте, дали ќе биде пејач?, праша гордата мајка во надеж дека синчето повлекло на неа.
Вака или така, музичките гнени секако ги има и од мама и од тато, е сега дали ќе биде на едниот или другиот, а можеби и спој од двајцата, останува времето да покаже.
фото: Instagram printskreen/ antoniagigovskaa