Водителот на Утринската програма и емисијата „Никој како…“ на ТВ Телма, Ненад Ѓоргиевски денот што го чекаме цела година го дочека на одмор. И тоа на море, кај јужниот сосед.
А роденден како роденден, редно е да се прослави, па макар тоа било и далеку од дома. Арно ама семејството никако не сакаше да го пропушти денот да не отиде на плажа, а ниту пак сакаа да не му го честитаат роденденот на својот одан сопруг и посветен татко.
И компромисот мораше да биде направен. Роденденот на главата на семејството ќе се слави на плажа! Децата Иво и Љупка снаодливи, па најдоа каде да на бават еден транспарент на кој пишува „Среќен роденден“, а сопругата Горана уште поснаодлива… Отрчала во првата слаткарница и купила малечка мини торта.
За роденденот да има влажно-солена прослава засладена со благо, се погрижија сите заедно. Сите топтан до појас во вода, каде славеникот ги дуваше свеќичките на роденденската торта!
Така оваа весела семејна четворка ја прослави неговата морска 44-ка… Со едно „Наздравје“ за годините да се множат!
Следуваше едно селфи на таткото славеник со синот, па сите заедно се погрижија сонцето да не го стопи благото.
А на славеникот му дадоа можност сам на лице место да си го избере подарокот…
Потоа… славеникот испружен ко клен на супот во морето, ем го темнееше тенот, ем за да му спадне блачкото, што му го обележа денот.
Фото: Фејсбук/Ненад Ѓоргиевски