На гала вечерта наречена „Caring For Women“, која собра бројни познати личности од светот на филмот, модата и забавата.
На настанот се појавија и актерот Метју Меконахи со сопругата Камила Алвес, а најмногу внимание привлече промената во неговиот изглед.
Некои сметаат дека обликот на носот му е поинаков и дека неговите очи не се иста боја. Други забележале дека неговото лице повеќе не изгледа исто. Актерот изгледал невообичаено сериозно и замислено.
Изгледал бледо, а погледот му делувал отсутен, како да гледа во празно, што ја зголеми загриженоста кај фановите.
Is Matthew McConaughey ok? pic.twitter.com/iR3Yai8bVA
— TaraBull (@TaraBull808) September 12, 2024
„Дали тоа е природен процес на стареење? Како што старееме, нашиот изглед се менува, а телесната маса се намалува“, „Ова не е тој“, коментирале обожавателите на Меконахи.
Некои веруваат дека за промените е одговорен Оземпик, додека други претпоставуваат дека неговата нова улога во филмот „The Rivals of Amziah King“ е причина за неговиот сериозен изглед и губење на тежината.
Пластичниот хирург Реза Насаб изјавил дека слабите црти на лицето на Меконахи се резултат на слабеење, а не на пластична хирургија, пишува „Daily Mail“. Насаб тврди дека актерот изгубил на тежина, што довело до поизразени црти на лицето.
„Мислам дека промената во големината и обликот на неговиот нос и слабите образи се резултат на слабеење. Кога некој значително ќе ослабне, намалувањето на маснотиите на лицето може да ги направи цртите поизразени, вклучувајќи го и носот“, објаснил тој.
View this post on Instagram
Меконахи, познат по својата посветеност на подготовките за улоги, претходно изјави за „Radio Times“ дека за неговата улога како Рон Вудруф во филмот „Dallas Buyers Club“ од 2014 година, следел екстремна диета која се состоела од диетална Кока-Кола, белки од јајце и парче пилешко на ден за да ослабне. По снимањето тој брзо ја врати тежината.
фото:Instagram printscreen/ officiallymcconaughey/X