Радио Милева влажен танц на ѕвездите

„Не сме побудалеле во базенот, само и го славиме роденденот“: Знаете ли во чие друштво Стојне Николова како бикини тигрица роденденски се журкаше на „бал на вода“ во Будва? (ВИДЕО)

„Не сме побудалеле во базенот, само и го славиме роденденот“: Знаете ли во чие друштво Стојне Николова како бикини тигрица роденденски се журкаше на „бал на вода“ во Будва?  (ВИДЕО)

Македонската фолк-пејачката Стојне Николова  славеше роденден, ама не дома, во родната Македонија. Денот што го чекаме цела година и се поклопи со деновите за одмор кој годинава го тера на Црногорското приморје, поточно во најпознатиот и најголем град на црногорскиот дел од Јадранот – Будва.

А кога е веќе дојден тој ден, нека е цел ден роденден, нека е роденденски бал, во случајов „бал на вода“!

Атрактивната фолкерка како бикини тигрица  роденденски се журкаше во отворениот шанк базен во Будва! Но, знаете ли во чие друштво сексапилната струмичанка опуштено и весело танцуваше на своето роденденско „water party“, без да ги отвори сите карти? Стојне на своите профили на социјалните мрежи не сподели ниту една фотографија водената журка. Од престојот во Будва – да, но, не и од „влажната“ роденденска забава!

Затоа пак некој што со неа славеше тоа го направи отворено и спонтано иако на денот на прославата се најдоа случајно.

Имено,  естрадно-брачната двојка Татјана Лазаревска и Новица Василевски кои од далечната Австралија каде што работат и живеат се дојдени во Македонија на летна ферија, решија неколку дена да поминат и на одмор на море во Црна Гора, па сосема случајно се сретнаа со Стојнето.

А, кога веќе колегите се најдоа тука и тие беа поканети на нејзината роденденска „влажна журка“. Видеодеталите од забавата на вода, Стојнето срамежливо само со едно стори  „ги обзнани“, ама затоа Татјана наголемо ги сподели на свoите профили на социјалните мрежи. И на Фејсбук и на Инстаграм.

А таму во отворениот шанк базен наголемо и весело се славеше роденден, во кој како што од видеата можете да забележите доминираше „влажниот танц на ѕвездите“! Сите разиграни, се нишаа колкови, се вртеа задници, зашто роденденот е најголемиот и најсреќен ден од сите лични празници!

„Не сме побудалеле во базенот, само и го славиме роденденот“ – ја појасни ситуацијата во еден миг Татјана, која патем и практично демонстрираше како изгледа нејзиниот „влажен валкан танц“ со Новица!

Она што остана мистерија е прашањето со кого славеше Стојнето? Дали е можно сосема сама да е дојдена во Будва, зашто друго женско друштво не видовме, а од мажите покрај Новица и  двата сина, се вртка ли уште некоја непозната фаца на журката во вода до колена?

Ако кликнете на нејзинто стори видео ќе ви се појави означено непознато машко име и презиме… Што е доволна индикација дека имаме „комплицирана“ ситуација.

Конечно и на стори клипот од една од ноќните прошетки на Стојнето, каде пејачката озарена и насмеана пред влезот на стариот дел на Будва парадира, морал некој да ја снима и фотографира!

Фото и видео: Инстаграм/stojne_official/tatjanalazarevska_official/Facebook

 

 

 

To top