Водителот Жика Јакшиќ гостуваше во Амиџи-шоу каде зборуваше за актуелни теми, а се осврна и на неговиот голем пријател Саша Поповиќ.
Рече дека е во постојан контакт со директорот на Гранд, па откри како се чувствува сега Саша.
Според него, Саша е во подобра состојба и неодамна го посетил студиото на „Гранд“ во Кошутњак.
– Саша е подобро, најдобро кажано. Не падна со духот, пред некој ден беше во студиото на „Гранд“, се поздрави со сите. Тоа е најважно. Состојбата се подобрува, така изгледа. Тоа е важно – изјави Жика Јакшиќ во емисијата „Амиџи шоу“.
Да потсетиме, Саша Поповиќ отсуствува од емисијата „Ѕвездите на Гранд“ поради здравствени проблеми, а неодамна се врати од лекување во Париз во Белград.
Неговите колеги и пријатели со нетрпение го очекуваат неговото враќање на јавната сцена, а како што тврдат, тоа би можело да се случи наскоро.
фото: printscreen/You Tube/Paparazzo Lov