Пејачката и водителка на „Вкусот на традицијата“ и „Везилка“ Адријана Алечки изминаиот месец април по вторпат стана е горда баба, овој пат на внук.
За оваа нејзина неизмерна среќа е заслужен синот Благоја кој ја продолжи лозата Алачки со тоа што стана татко за првпат на синче кое го доби името Јован.
Мама и тато ги искусуваат првите денови како родителии се справуваат со многу предизвици околу чувањето бебе, а баба е тука да помогне и секако да блика од среќа која не се опишува со зборови.
Сега поминаа 40 дена, па како што налага православната вероисповед, дојде време да му се направи црковна молитва на новороденчето.
Синот на Адријана заедно со сопругата позираа откако заврши светиот чин и го покажаа наследникот. Дновите на рабости се пред нив, со Божја благослов за здравје и безгрижно растење.
Инаку, Благоја Алачки, се ожени минатата година со својата сакана Лина и направија голема свадбена веселба.
Ова е второ внуче на Алачки која пред шест години од ќерката Грациела ја доби внуката Јана која сега ќе биде поголемата дадичка.
За потсетување, синот на Адријана и Горан Алчки кои се разведоа по 25 години брак, ги наследи музичкте гени од своите родители и свири на гитара, додека ќерката Грациела е среќно мажена и работи во банка.
фото:Instagram printscreen/ b_alacki/ adrijanaalacki