Радио Милева расчистување стари сметки

Наум Петревски во поткастот кај Лазаров „ги подбра“ браќата од „Некст Тајм“, близнаците експресно му возвратија (Фото+Видео)

Наум Петревски во поткастот кај Лазаров „ги подбра“ браќата од „Некст Тајм“, близнаците експресно му возвратија (Фото+Видео)

Наум Петрески, еден од најпознатите и најпопуларни македонски фолк ѕвезди и пејач кој отпеал многу антологиски хитови беше гостин во најновиот поткаст кај Стефан Лазарав. Во повеќечасовниот муабет , Наум во еден момент се потсети на својот настап пред повеќе години на Евровизија.

По тој повод Наум се р’чна со братското дуо“Next Time”, близнаците Стефан и Мартин  кои ги обединија сите генерации со својата музика, од онаа тинејџерската публика во нивните почетоци, до највозрасните.

Во  опуштен муабет со Стефан, Наум сподели некои информации за Евровизија од далечната 2009, година во која групата ја претставуваше Македонија во Москва, Русија.

Според Наум  таа година  фолкерот смета дека  победата на  „Некст Тајм“ била „наместена“, а тој и Калиопи со нумерата „Рум Дум Дум“ , освоиле повеќе  гласовите од публика, од братското дуо,  додека биле второпласирани според гласањето на жирито.

Браќата на тоа  не останаа рамнодушни туку веднаш ископааа податоци и реагираа на неговата констатација.

Тие веднаш споделија фотографија на нивните профили на кои стоеја имињата на конкурентите од таа година па ги заокружија бројките од жирито и публиката.

Наум продолжи со разговорот дека воопшто не му е мака од денешен аспек , па и дека… „За Македонија тоа беше бламажа , бидејќи тие треба да му ја мислат како поминаа таму со обично рок песниче…“ – како што рече самиот фолкер.

 

Браќата и на оваа негова констатација споделија брза реакција…

Па во кратките приказни на Инстаграм „колку за нештата да бидат појасни“ братското дуо се обиде да објасни и покаже на следбениците дека не поминале толку лошо колку што во коментарот ги „оцрни“ Наум Петрески.

Во ова „естрадно препукување“ резултатот беше само добра забава за јавноста, зашто тешко дека некој може со сигурност да потврди кој е во право. Фолкерот или рокерите? Од негов аспект – тој си е во право, од нивен агол – пред фактите би требало да молчат и боговите, па и оние естрадните.

Но, од друга страна пак, евровизиските табели дури и да се точни, кој ќе докаже дека победата на домашен терен била или не била „лажирана“, ако се знае дека нешто подоцна поедини менаџери и нивните вазали и јатаци беа „живи фатени“  со „рацете во медот“… Или на домашен фестивалски , евровизиски терен преведено, со „СИМ картичките во мобилните“, по што многу нешта беа укинати и загснаа… Меѓу останатото и „озлогласениот“ начин на телефонско гласање познат како телевоутинг!

Како и да е  во таа 20009-та „Некст Тајм заминаа за Москва со „Нешто што ќе остане“, а Наум и Калиопи останаа дома… Нешто што ниту првите ги направи кој знае колку поголеми ѕвезди од што беа и се денес, ниту на вторите им го скрати ѕвездениот естраден ореол кој го поседуваат. Така што „копањето постарите рани“ се чини дека ем е беспредметно, ем беспотребно, а може да биде само погубно за ионака кревката македонска естрадна сцена!

Фото: printscreen/instagram/YouTube/nexttimeband

 
To top