Резултатите покажале дека жените кои почесто доживуваат оргазам имаат повисок ниво на интероцепција – способноста да ги чувствуваат и интерпретираат сигналите од нивното тело, како што се отчукувањата на срцето, дишењето, гладот и болката
Научниците од Универзитетот во Есекс спровеле истражување во кое анкетирале 360 жени за нивните сексуални искуства. Резултатите покажале дека жените кои почесто доживуваат оргазам имаат повисок ниво на интерцепција – способноста да ги чувствуваат и интерпретираат сигналите од нивното тело, како што се отчукувањата на срцето, дишењето, гладот и болката.
Д-р Меган Клабуд, која ја водела студијата, истакнала дека жените треба да излезат од својата глава и да влезат во своето тело за да имаат почести оргазми. Оргазмите се почести кога жената може да се фокусира на телесните сензации. Ова истражување е значајно бидејќи поголемиот дел од претходните истражувања се фокусирале на дисфункцијата, а не на нормалниот процес на оргазам кај жените.
Претходните истражувања, како она што беше спроведено минатата година со 2.000 Британци, покажале дека мажите доживуваат оргазам четири пати повеќе од жените. Сепак, истражувањата за „оргазамскиот јаз“ често се фокусирале на дисфункција, а не на нормалните процеси на оргазам.
Истражувањето со 360 жени покажало дека жените кои сами доживуваат оргазам имаат оргазам приближно 20% почесто. Високите нивоа на интерцепција биле поврзани со задоволувачки оргазми, а способноста на жените да се фокусираат на своите телесни сензации и да им веруваат на партенрите за време на сексуалните односи придонесува за поголемо задоволство.
Научниците се надеваат дека студијата ќе го зголеми сексуалното задоволство и за жените и за нивните партнери.
Извор: Поапара