Мегафон

Националниот џез оркестар и Ален Перез – незаборавно патување низ салса, тимба и џез

Националниот џез оркестар и Ален Перез – незаборавно патување низ салса, тимба и џез

Од Хавана до Скопје – Ален Перез заедно со Националниот џез-оркестар и осумчлената ритам-секција „Ла Оркеста“ на 16 април во Националната опера и балет ќе нѐ понесе на незаборавно патување низ салса, тимба и џез.

Скопје ќе биде дел од „Ла фиеста тур“ на Перез, музичар кој со децении ја пренесува енергијата на кубанската музика на светските сцени.

Перез е мултиинструменталист, пејач, композитор и продуцент, кој го стекна своето светско признание како член на легендарниот латино џез-состав „Irakere“ под водство на Чучо Валдес и како долгогодишен соработник на фламенко-иконата Пако де Лусија.

Добитник на Греми и Латин Греми признанија, Ален Перез денес важи за еден од најистакнатите претставници на современата афро-кубанска музика.

16 април | 20:00

Национална Опера и Балет

Подгответе се за вистинска кубанска фиеста, со енергија и ритам што се чувствуваат со цело тело!

фото: Национален џез оркестар

To top