Промотер

Наташа Малинкова со силна порака дека не мораш да личиш на никого за да бидеш сакан во – „Врати ме у живот“ (ВИДЕО)

Наташа Малинкова со силна порака дека не мораш да личиш на никого за да бидеш сакан во – „Врати ме у живот“ (ВИДЕО)

По подолга пауза, Наташа Малинкова се враќа со нова песна и впечатлив видео запис за „Врати ме у живот“, музички проект кој носи силна емоција и важна порака за младите луѓе.

Песната зборува за болката после љубовта, но и за една уште подлабока вистина – колку често се менуваме себеси за да бидеме прифатени од другите.

Преку оваа песна, Наташа испраќа силна порака: „Не мораш да бидеш совршен за да бидеш вреднуван. Не мораш да личиш на никој друг за да бидеш сакан.“

Музиката и стиховите се авторско дело на Столе Аврамов, кој заедно со Мики Секуловски го потпишува и аранжманот, а со Зоран Алексиќ стои и зад продукцијата на песната. Режијата сценариото и изборот на сценографијата за видеоспотот за песната се на Темелко Андреев. Во видеото се појавува и постарата ќерка на пејачкта, Султана, која е всушност еден вид нејзин дублер, нејзиното второ јас во видеоприказната.

Песната Малинкова ја пее на срски јазик, што  веројатно е најава за обид да се напуштат рамките на државата и да се проба да се освојува и регионалната музичка естрада.

Дали е тоака, допрва ќе видими, но едно сигурно:  „Врати ме у живот“ е посветена на сите млади луѓе што некогаш се почувствувале некому или себе си  „недоволни“. На сите што стоеле пред огледало и ги барале своите маани, наместо да ја видат сопствената вредност.

Како звучи оваа поп балада визуелизирана со едноставно црно-бело видео, но полно со симболика која соодветствува со приказната од стиховите, проследете во продолжение…

To top