Пејачката Наташа Беквалац е една од најубавите и најзгодните жени на јавна сцена.
Не ѝ е непознато да објавува фотографии без шминка, а токму тоа го направи неодамна. Убавата Ната се фотографирала додека возела автомобил, а според се штотуку се враќала од фризер и се упатила кај шминкерот.
Во следното видео таа објави како изгледа и без шминка и со целосна шминка. Обожавателите не можеа да не забележат како нејзиниот избор на топли праски нијанси одлично и прилега, додека евидентно е дека и без шминка е вистинска убавица.
Меѓутоа, кога се дотерува, нејзините обожаватели мислат дека ѝ нема рамен. Сфаќа и дека ако направила некакви естетски корекции, тие се минимални, само и го освежиле лицето, но сепак е иста како на почетокот на кариерата.
Наташа и на 44 години сè уште привлекува внимание со својот беспрекорен изглед, а неодамна ја сподели тајната на својата завидна фигура.
Таа преку својот Инстаграм откри како успева да одржи витка линија и да ослаби дури 10 килограми.
– Мојата исхрана е крајно рестриктивна кога се во прашање јаглехидратите, но е богата со протеини и зеленчук – изјави Наташа. Нејзината исхрана се заснова на консумирање месо, млечни производи со малку маснотии, зелен зеленчук, јајца и јаткасти плодови, додека избегнува печива, овошје, компири, соја, грав, тестенини, грашок, ориз, грицки, слатки и сокови. Исто така, пејачката се обидува да внесува големи количества вода и повремено практикува „ден за кршење на диети“, кога си дозволува храна која вообичаено ја избегнува.
– Овој пристап ми помага да ја задржам мотивацијата и да го надминам психолошкиот притисок од строгата диета – истакна Наташа.
фото: printscreen/ isntagram/bekvalceva