Радио Милева кадар за вечност

Наталија, сопругата на Андреј – ДНК сподели фотографија која кажува се’: Толку многу симболика во само една слика!

Наталија, сопругата на Андреј – ДНК сподели фотографија која кажува се’: Толку многу симболика во само една слика!

Времето незапирливо тече, се приближува годишнината од најголемата катастрофа што и се случила на независна Македонија. И не само естрадна, туку воопшто. Кочани е вечен непребол, трагедија која довека ќе не потсетува дека алчноста на поединци и грешките на системот ги плаќаме со најскапото – животот на најмилите! Во случајов што е уште потрагично, животите на млади деца, на една цела генерација која несреќно замина, а со неа и дел од најѕвездените имиња на естрадата – дуото ДНК и речиси целата нивна придружна група.

Болката никако не стивнува, правдата споро доаѓа, за загубата нема утеха… И колективна и поединечна. Остануваат само спомените и сеќавањата, незаборавот и емоциите кои се испреплетуваат со тагата, љубовта измешана со болката, солзите со сликите од минатото… Кое за жал, не може да се врати!

Но, затоа може љубовта да не престане и покрај тоа што некој повеќе физички не е со нас… Но, само физички, зашто она што тој го оставил како љубов и добрина останува засекогаш!

Токму сопругата Андреј – ДНК, Наталија Ѓорѓиеска во пресрет на годишнината од кочанската трагедија на својот Инстаграм споделила една навидум обична, но многу моќна фотографија!

Неутешна во својата болка по загубата на саканиот, преплавена од емоции, спомени и сеќавања на најубавите заеднички мигови, таа објавила фотографија од едно нивно заедничко патување.

Пијаното како симбол на она што му беше и љубов и живот и егзистенција на нејзиниот Андреј – музиката!

Црвената боја како симбол на страста и љубовта која толку многу ги красеше обајцата, како жар со кој заедничкиот живот кој го живееа.

Во одразот на пијаното – таа самата додека ја правела фотографијата, додека во нејзината заднина се гледа зградата со прозорци, како симбол на светот во кој сега таа останува…

А над неа Андреј, како нејзин ангел – чувар кој дури и одозгора, од царството небесно ја пази и чува својата сакана Наталија и нивната фамилија.

И на крајот, во левиот агол на пијаното симболите на социјалните мрежи преку кои оваа фотографија таа ја споделила.

Фотографија која кажува се’: Толку многу симболика во само една слика!

Фото: Инстаграм/natalija.gjorgjieska

To top