Радио Милева не се во контакт

Најстариот син на Бред Пит јасно стави до знаење дека не е во добри односи со својот татко

Најстариот син на Бред Пит јасно стави до знаење дека не е во добри односи со својот татко

Мадокс Џоли, најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит, го отстрани презимето на својот татко и со тоа јасно стави до знаење дека не се во добри односи. Овој детаљ беше забележан по премиерата на новиот филм на Анџелина.

Тој работеше како асистент на новата драма „Couture“ во која глуми неговата мајка. Анџелина Џоли беше избрана за улогата на Максин Вокер, жена дијагностицирана со рак на дојка.

Кога споменатиот филм, во режија на Алис Винокур, премиерно беше прикажан во француските кина оваа недела, беше потпишан како Мадокс Џоли во одјавната шпица.

Анџелина и Бред имаат уште пет деца: Пакс (22), Захара (21), Шајло (19) и 17-годишните близнаци Вивиен и Нокс. Мадокс не е првиот што се откажува од презимето на својот татко.

Захара, Шајло и Вивиен го направија тоа пред него. Извори за американските медиуми претходно изјавија дека овој нивен потег многу му наштетил на Бред и дека се надева дека сепак ќе можат да ги смират односите. Тој ги контактирал неколку пати, но тие не сакале да разговараат со него.

За потсетување, Анџелина поднесе барање за развод во 2016 година откако тој наводно бил насилен кон неа и децата. Разводот беше финализиран во 2019 година.

фото:You tube printscreen/E! News

To top