Радио Милева ПОУБАВА ОД ДЕРБИТО

Најсекси водителката повторно мами воздишки на теренот: „Кралицата се врати“ (ФОТО/ВИДЕО)

Дилета Леота ги воодушеви обожавателите со својот изглед на стадионот „Сан Сиро“, каде што присуствуваше на миланското дерби.

Најсекси водителката повторно мами воздишки на теренот: „Кралицата се врати“ (ФОТО/ВИДЕО)

Италијанската спортска новинарка и водителка Дилета Леота (35) се појави на славниот стадион „Сан Сиро“ за време на натпреварот во кој Милан во саботата оствари важна победа од 3:1 против својот најголем ривал Интер.

Дилета беше покрај теренот, а за оваа пригода избра тесни сини фармерки со ѕвонести ногавици и црна кожна јакна со змиски дезен.

Посебно внимание привлече впечатливиот цветен мотив на задниот дел од јакната, додека целата модна комбинација ја истакна нејзината фигура.

Ѕвездата на телевизијата DAZN ги објави фотографиите на Инстаграм, со опис:

„Ноќ на вештерките на Сан Сиро. Прекрасно е повторно да се биде тука!“

Нејзиното појавување на славниот стадион се случи точно една година откако за Ноќта на вештерките ги воодушеви следбениците со трансформацијата во Лара Крофт, легендарната хероина од популарната видеоигра.

Покрај фотографиите, Дилета сподели и видео на кое може да се види како детално се подготвува за излегувањето на теренот – од шминкањето и средувањето на фризурата, па сè до облекувањето.

Обожавателите на убавата водителка не го криеја воодушевувањето од нејзиното ново издание, а комплиментите на социјалните мрежи се нижеа еден по друг.

„Совршено издание за фудбалски терен“, „Колку е само убава Дилета“, „Поубава си од самото дерби“, „Кралицата се врати“, беа само дел од коментарите.

Фото: instagram / dilettaleotta

To top