Радио Милева радосен ден

Најпосле убави вести доаѓаат од Милица Тодоровиќ (фото)

Најпосле убави вести доаѓаат од Милица Тодоровиќ (фото)

Пејачката Милица Тодоровиќ ја сподели радосната вест со емотивни фотографии од крштевката на кумашинчето Џина.

Имено, таа повторно стана кума на семејството Анѓелковиќ, прво како сведок на свадбата на нејзиниот кум Стеван, а сега ја крсти и неговата наследничка.

По тој повод, гордата кума се огласи на Инстаграм.

– Денеска е еден од моите најсреќни денови! Со Божја помош ја крстив мојата Џина! Долгото, вистинско и искрено пријателство по вторпат беше крунисано со најсветиот чин. Нека е здрав и безбеден! Амин – напиша таа заедно со фотографиите на кои држи преслатко мало девојче.

Да потсетиме, Милица сега е во среќна врска со својот избраник Лазар, кој според медиумите живее во Дубаи. Останува да видиме какви се нивните планови за заедничкиот живот и дали Милица Тодоровиќ ќе сподели убави вести и за нејзиниот емотивен живот.

фото:Instagram printscreen/ milicatodorovicofficial

To top