Радио Милева пилето и градинарката

На Сузето пилето и пее рано посабајле, а штом ќе се зазори, ете ја Гавазова пред пенџери како секси градинарка во бели бикини, цвеќето го полева да не изгори на летните горештини (ВИДЕО)

На Сузето пилето и пее рано посабајле, а штом ќе се зазори, ете ја Гавазова пред пенџери како секси градинарка во бели бикини, цвеќето го полева да не изгори на летните горештини (ВИДЕО)

Сузана Гавазова дефинитивно никогаш не мирува. Кога нема „тезга“ што е вистинска реткост, тука се социјалните мрежи… Всушност на нив атрактивната струмичанка е постојано активна, зашто Сузето добро знае дека маркетингот и себерекламирањето е исто толку важно колку и песните и пеењето, па секојдневно им ги „полни со радост“ очите на нејзините обожаватели. Особено на оние машките, чии „влажни погледи“ ја впиваат неодоливата привлечност и убавина на расната фолкерка, која и тоа како знае да  ја дозира својата еротика, нудејќи им ја на „кафено лажиче“, како лек за душата која треба и со возбудливи мечти да се храни.

А, Сузето тоа умее да го прави уште од изутрина… Всушност, нејзе пилето и пее рано посабајле, а штом ќе се зазори, ете ја Гавазова пред пенџери… Насмеана, ведра и расположена… Како вистинска задоволна домаќинка од утринската „песна на пилето“, Гавазова го започнува дефилето.

Овој пат како секси градинарка во бели бикини, која цвеќето го расте и полева да не изгори на летните горештини.

На високи потпетици, со шарена марама преку глава и модерни, бели сончеви очила, фолкерката своите движења ги преточила во манекенски од по патеката од вештачка трева на терасата… Сузето многу добро знае на што се „пали масата“, па онака разголена со едно – две утрински селфија во пенџерињата, најпрвин ги чести следбениците и пријателите.

А, потоа в рака кантата со вода за полевање за „домаќинско флертување“ и сите се задоволни. И цвеќето кое е уште рано наутро е оросено и сексапилната градинарка која со еден потег завршила двојна работа – ем да полее и да ја израдува својата публика.

Потоа со манекенскиот „cat walk“ по терасата продолжува да ја „ложи масата“, зашто со секој следен чекор по балконот, возбудата се приближува кон плафонот.

А, Гавазова својот сексапил го споделува со стил сликајќи го најдоброто од себе во прв план, телесниот раскош и бујните облини што во белиот градник, лежат како во кош.

Фатална привлечност која многу други за да ја имаат, ако треба и би дубеле на трепавици… Зашто по само еден поглед на расната фолкерка во вакво издание, на многумина „им тече низ ногавици“!

А Сузето…? Нема гајле! Нејзе пилето секако и пее рано посабајле!

Фото и видео: Инстаграм/suzanagavazova

To top